Финансии: Јавниот долг во 2017 е намален, a во последниот квартал има раст

Министерството за финансии соопшти дека државниот долг на крајот на 2017 година е понизок за 1 процентен поен, а јавниот долг е понизок за 1,7 процентни поени, споредено со крајот на 2016 година. Според Финансии, ова е прво годишно намалување на државниот и јавниот долг од 2009 година.

Според податоците на Министерство, на крајот од 2017 година државниот долг изнесувал 38,7 од Бруто домашниот производ, а јавниот долг 46,7 проценти од БДП.

Сепак, во последниот квартал од минатата година јавниот долг е зголемен во однос на третиот, и тоа за 0,9 процентни поени, соопштија од Финансии.

Инаку, јавниот долг на крајот на минатата година достигна 4,78 милијарди евра, што значи раст за 95 милиопни евра во третиот квартал.

Овие податоци на Финансии се без еврробврзницата, која Владата ја издаде во јануари оваа година, на износ од 500 милиони евра, што значи дека таа ќе го зголеми јавниот долг во првиот квартал од годинава.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ