Филтер станицата на Југохром не се гради

Запрени се градежните активности за изградба на филтер станицата за Југохром. Според ветувањата на властите и раководството на комбинатот системот за отпрашување кој беше услов Југохром да продолжи со работа требаше да биде завршен оваа пролет.

За негова изградба владата преку Македонската банка за подршка на развојот одобри кредит од 1,5 милиони евра. Но овие пари се уште не се леганти на сметката на фабриката.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вели дека според договореното најпрвин треба раководството да вложи одредени средства за филтер станицата, па потоа ќе може да се користи одобренниот кредит.

Техничкиот директор Славко Стојчески истакна дека досега фабриката за системот за отпрашување вложила над 1 милион евра. Поставен е бетонски фундамент и челичната коснтрукција. Се надева дека ќе се надминат финансиските проблеми и овој или наредниот месец ќе се вложат уште одредена сума на пари, услов за да може да го користат владиниот кредит, пари кои се неопходни за доизградба на филтер станицата

Југохром не работи две ипол години откако владата му ја одзеде дозволата проади неисполнува на еколошките услови за работа. За овој период голем дел од населението од Општина Јегуновце кое работеше во фабриката едвај егзиситира, а некои веќе се иселиле од овој дел од тетовско.

Со доизградбата на филтер станицата за двете големи печки чија инвестиција изнесува околу 4 милиони евра, на работа треба да се вратат околу 600 работници.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ