Филмски почеток на случајот Рекет, едно признание и најава за разоткривање на организаторите

Денот почна во неизвесност дали воопшто ќе стартува случајот рекет, заврши со едно признание на вина и најава за пресуда утре.
Здравствената состојаба на боки 13 и прегледите го задоцнија рочиштето за час и половина. Кога конечно почна Бојан Јовановски и Катица Јанева рекоа дека не се виновни, Зоран Милевски дека е виновен.
Но воведните зборови навестуваат драматичен развој на настаните. Обвинителката русковска обвини дека Јанева влегла во филмот “Чарлиеви ангели” и мрежата на естрадната ѕвезда Боки 13 за да изнуди пари од бизнисменот Орце Камчев.
Тие и вратија. Јанева им порача на судиите да не се плашат од заканите на Рускоска за тресењето гаќи, таа била горда на СЈО и одела со крената глава оти не сторила ништо незаконско.
Боки 13 пак и порача дека со Jанева седел во ресторан исто толку колку што седел и со неа.
И Русковска му кажувала информации од случаи кога доаѓала да гостува во 1ТВ. Спремен е да сведочи кој бил организаторот на рекетот, сепак каде завршила торбата Луј Витон рече ќе се дознае од снимките од камерите во домот на неговите родители.
Инаку тројцата се обвинети дека земале пари од осомничениот во случајот Империја , Орце Камчев за да излезе од притвор.
Сега неговиот адвокат бара Јанева и Боки да му вратат 1 500 000 евра колку што според обвинението изнудиле.
Јанева и Јовановски остануваат да се бранат. За Милевски процесот заврши, тој ја призна вината и утре ќе ја слушне пресудата.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ