Филиповски: Изјавата на Филипче можеби беше извадена од контекст, но и беше лошо срочена

Душко Филиповски, претседател на Здружението на матични гинеколози, е вечерашниот гостин на Ноќно Студио, во врска со најавената стратегија на Министерот за здравство Венко Филипче околу смртноста на новороденчињата, и кој делумна одговорност посочи кај родилките.

„Министерот е веројатно запознаен со очајната состојба во примарната гинекологија, ова е проблем кој постои години наназад. Ние како здружение со години предупредуваме, дека имаме преку 40 општини без гинеколог, но никогаш не наидовме на разбирање“.

„Изјавата на министерот Филипче е можеби малку извадена од контекст, можеби е лошо срочена. Тоа што е сигурно е дека ние вината за здравјето не ја бараме кај пацинетите“.

„Можеби министерот нема доволно информации, ние секако ќе се сретнеме со него“, посочи Филиповски.

Тој сепак нагласи дека досега, со години, никој ништо не преземал за промена на состојбите.

Запрашан околу мобилните гинеколошки ординации дека знае за нивното постоење, но нема податоци колку тие се навистина функционални.

Филиповски е оптимист дека по средбата со министерот, ќе пронајдат излез од ситуацијата.

 

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ