Филипче: Во осум централни лаборатории ќе се вршат детални анализи на крв

Пациентите во Македонија нема да трпат никакви последици со новата централизирана работа на лабораториите за анализа на крв. Министерот Филипче тврди дека новата набавка на реагенси ќе ги намали трошоците за неколку милиони евра.

Пациентите ќе нема потреба да доаѓаат во Скопје за да направат детална анализа која ја нема во нивното место на живеење. Извадената крв од локалната лабораторија ќе се транспортира до централната. Сите податоци на пациентот преку нов информациски систем ќе им бидат достапни на лекарите.

Го запрашавме министерот Филипче и дали може сличен систем да се примени и во клиничките центри надвор од Скопје за да нема препраќање на пациенти во главниот град со што се создаваат долги листи на чекања, за прегледи и помали интервенции кои не се итни случаи, а би требало да се извршат во другите градови.

Скопје ќе има две централни лаборатории, на клиничка биохемија и болницата 8 септември, и по една во регионалните центри Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Битола и Охрид.

Христијан Станоевиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ