Филипче: Владата ги затвори градинките, училиштата и факултетите, забрана и за публика на спортските натпревари во следните 30 денови

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека владата ги усвоила на седница препораките кои претходно ги даде Комисијата за заразни болести.

Да се прекине образовниот процес, градинките, основните и средните училишта во следните 14 денови; Да се ослободат вработените од работните обврски во овие институции; За еден родител до 10 годишна возраст на децата ќе се дозволи отсуство од работа кое ќе биде целосно платено во сите јавни и приватни институции; Се забрануваат масови собири и настани во отворен и затворен простор со над 1.000 посетители на територијата на целата земја а се препорачува да се откажат или неорганизираат и настаните и под оваа бројка. Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во периодот од следните 30 дена на територијата на целата држава; Се воведува задолжителна самоизолација за сите кои доаѓаат од средно и високоризичните држави, изјави Филипче.

Министерот соопшти дека денеска нема нови регистрирани заболени а сите 7 досегашни пациенти се во добра состојба и болеста кај нив е манифестирана во лесна клиничка форма.

Нема потреба од механичка вентилација кај 6 од нив, 7-та, практично првата пациентка е целосно стаблизирана, денеска е вече испратен материјал и се чекаат резултатите до контролниот тест, првичниот беше негативен, рече Филипче.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ