Филипче ќе ја разреши директорката на охридската болница

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради случајот на починатата 66-годишна жена од Струга од коронавирус, а која не била хоспитализира на Инфективнотот одделение во охридската болница иако имала приоритетен упат од матичниот лекар.

Микнистерот за здравство Венко Филипче, најави дека утре ќе биде поставен нов директор, а оти институциите ќе продолжат да постапуваат по овој случај. Јавното обвинителство отвори предмет за случајот.

„Во текот на денешниот ден во тамошната болница на увид се инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на улогата и одговорноста на сите други вклучени во целиот овој процес. Во меѓувреме, покрената е и постапка и апелирам до институциите детално да се следи случајот“, рече Филипче.

Починатата жена од Струга на матичниот лекар му се пожалила дека има болки и тешко дише, по што тој и закажал тестирање на коронавирус, а тестот и е направен на 26 март. Додека се чекале резултатите од тестот матичниот лекар препорачал хоспитализирање поради состојбата на пациентакта, но тоа било одбиено од охридската болница, со објаснување дека прво треба да стигне резултатот од тестот.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ