Филипче: Целосно оздравеа 91 отсто од здравствените работници заболени од Ковид-19

– Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека 91 отсто од здравствените работници кои беа заболени од Ковид-19 сега се целосно оздравени.

– Им одавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување, додава Филипче во објавата.

Во друга објава, тој посочува и дека до крајот на претстојнава неделата ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ