
Мора да се чуе гласот на жената за Законот за абортус
Спорниот и рестриктивен закон за абортус од 2013-та година ќе претрпи три клучни измени при што во носењето одлука за прекин на бременоста главниот збор ќе го има жената, а не комисиите.
Здруженијата за правата на жените очекуваат да се надминат сите спорни елементи од стариот закон за вистински реформи.
Ригорозизните казни па дури и заканата од затвор за докторите во спорниот закон доведе до застрашувачки состојби.
Во актуелното законско решение проблематична е и цената за прекин на бременоста што за социјално загрозените категории е недостижно.
Слободниот избор на жената за абортус ќе биде ставен на прво место со новите законски измени кои ги најави министерот Венко Филипче.
Невладините организации тврдеа дека во последните години се зголемува и бројот на диви абортуси изведени надвор од здравствените установи.
Министерството за здравство во работната група ги вклучи невладините, но ефектот ќе биде познат кога предлог законските измени ќе бидат повторно разгледани со сите страни.
Христијан Станоевиќ