
Филипче: Се заоструваат превентивните мерки
Влошена е состојбата кај тројца од деветте заболени лица од коронавирусот во земјава, кои се над 65 годишна вопзраст, но тие дишат самостојно. Еден сомнителен случај се проверува во моментов а клиниката за кожни болести доби нов директор.
Министерот филипче инфомираше дека по вчера објавената пандемија од СЗО превентивните мерки се заоструваат, односно од владата ќе биде побарано сите групни собири без разлика од бројноста да бидат одложени, а кафетериите да работат со редуциран број на маси, распоредени на дистанца поголема од еден метар и тоа само до 18 часот. Истата мерка важи и за обложувалниците и за казина.