Филипче против Филипче – сепак нема да има операции за промена на полот на сметка на фондот

“Се основа и ново одделение за андрогена и уролошка реконструктивна хирургија на Одделението за урологија од страна на наш колега кој со години се едуцира во оваа област.  Јас се надевам дека во следниот период кога ќе завршат административните процедури тоа одделение ќе почне официјално да функционира за сите граѓани во нашата земја  кои имаат потреба и во регионот дека е реткост да имаме таков експерт во нашата земја” .

И не поминаа ни 12 часа Министерство за здравство со допис ја демантираше изјавата на министерот Филипче во кој соопшти дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување, туку само уролошки операции на Клиниката за детска хирургија кај деца чии здравје е загрозено. Ваквата реакција следуваше по бурните реакции и поделени мислења кои ги преплавија социјалните мрежи.

Денеска Филипче вели:

“Би сакал да потенцирам не стануваше збор за кој знае колкав број на пациенти . Станува збор за еден човек кој што со години талка низ лавиринтите, барајќи помош од повеќе специјалности, затоа што тоа е комплексен проблем, затоа што тоа не е работа која може се реши преку ден. Но ги почитуваме ставовите во јавноста реакциите, ние сме демократи ги прифаќаме сметаме дека е легитимно да ретерираме и тоа беше причината”.

За поздравување е идејата на министерот Филипче, но реакцијата и изјавата на беше избрзана реагираат активистите за правата на ЛГБТ заедницата  кои истовремено ги осудуваат сите хомофобични напади на социјалните мрежи, вклучувајќи ги и јавните личности.

“Овој процес е прекомплексен за да така лесно се даде изјава од тој тип без при тоа да помине целосна и детaлна консултација, особено имајќи предвид дека ние веќе имаме формирано работна група во рамки на Министерството со лекари во кои се вклучени и активисти кои ја знаат проблематиката. Тоа е многу мал број на лица од транс-заедницата кои сакаат да направат целосна операција, и е целосно не фер и неиздржано се даваат такви реакции посебно имајќи го предвид уставно загарантираното право дека здравствената заштита е загарантирана на сите лица” – изјави Славчо Димитров од колаицијата Маргини.

Различни се праксите во светот и регионот. На пример во Србија е ограничен бројот на операции и Фондот покрива само 70%, 30%  ги плаќа пациентот.  Ваквите модели треба добро да се разгледаат и да се види колку може се применат кај нас, смета Димитров.

Првата операција за промена на пол во Македонија кај 33 годишен маж беше направена пред две години во приватна болница.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ