Филипче: Преговараме со кредитори за новиот Клинички

Наскоро ќе се знае од каде ќе се обезбедат парите за изградбата на  Клиничкиот центар во Скопје, а кој ќе се гради на новата локација во Злокуќани. Во тек се и преговори со кредиторите објави денеска во Штип министерот за здравство, Венко Филипче. Дециден е дека старата локација не нуди современ Клинички центар за пациентите, бидејќи има седум стари згради, кои не се влезени во план за реконструкција.

Во тек се и анализите како е вршена исплататa на дежурвствата на лекарите во изминатите три години, за што штипските лекари први алармираа и побаруваат да им се исплати вкупно 200.000 евра. Поради ваквите разлики кои се појавувале сега се прави и унифициранот начин за исплата на дежуствата.

Со мало задоцнување течe и изградбата на новата штипска Клиничка болница, причина се временските услови, но Филипче очекува до крајот на годината да биде во една понапредна фаза. Министерот за здравство и државниот секретар за здравство, Владимир Милошев денеска присуствуваа на 75 годишнината од депортирањето на штипските евреи.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ