
Филипче: патниците од Берлин ги чекаат дезинфицирани автобуси и вода и храна
По негодувањето на патниците кои со чартер летови се враќаат во државата и потоа се транспортираат во некој од објектите за изолација, денеска осумте автобуси со кои неколку стотини македонски државјани ќе бидат пренесени во карантин се дезинфицирани и оперемени со храна и вода.
„Подготвени се осумте автобуси со кои ги пречекуваме и превезуваме нашите сограѓани кои ни пристигаат од Берлин со летот во 17:00 часот. Со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, обезбедуваме транспорт до хотелот Цар Самуил во Струмица, каде ќе бидат во следните 14 дена во задолжителен државен карантин. Го штитиме колективното здравје и здравјето на секој граѓанин“, напиша минстерот Венко Филипче на социјалната мрежа „Фејсбук“
„Се работи за наши граѓани кои се враќааат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чуствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски. Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите. Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома“, додаде тој.