Колку невакцинирани деца останаа надвор од училишните клупи?

Колку невакцинирани деца останаа надвор од училишните клупи? Министерството за образование се` уште нема одговор на ова прашање, ниту пак кажува како овие деца ќе ја надополнат пропуштената настава.

И додека се чека бројките од општиноте да стигнат до образование, Министерството за здртавство  извести за пет нови случаи на морбили. Четири деца се од Скопје, едно е од Куманово и сите се невакцинирани.

Минисерот Филипче, сепак задоволен од вакцинацијата. Над 99 отсто е опфатот со вакцинација во Град Скопје, а над 95 отсто на територија на целата држава.

Прашан и за групата родители кои најавија тужба до Управниот суд, поради тоа што не сакаат да ги вакцинираат децата, Флипче потсети дека пред неколку месеци имале средба во Владата со луѓето кои се на страна на антивакцинацијата. На средбата присуствувале премиерот и со министрите за правда и за труд и социјална политика. Договориле стручна средба на која тие ќе поканат луѓе кои ги застапуваат антивакциналните ставови.

На новинарско прашање дека неофицијално има родители кои успеваат невакцинирани деца да запишат во основните училишта, Филипче рече дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши контрола на терен, како на потврдите за вакцинација, така и на тоа дали се запишани деца без уреден вакцинален статус во училиштата. 

– И врз основа на тоа секој ќе си преземе одговорност, потенцира Филипче.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ