
Филипче најави тендер за замена на мазутот со гас во кумановската болницата
Министерството за здравство има пари за да го замени мазутот со гас во болницата во Куманово и тендерот за таа постапка ќе биде објавен наскоро, тврди министерот Филипче.
Пред неколку дена, мерните станици во Куманово измерија 1800 микрограми ПМ10 честички во воздухот, а како главен причинител за загадувањето беше посочена болницата поради чадот од оџакот во моментот кога се палел котелот.
Според Филипче потребно е да се досредат одредени детали во документацијата, а потоа да се објави тендерот.
Друга болница којашто чека да биде гасифицирана е Гинекологија Чаир. Тендерот за неа заврши и сега ќе започне да се работи таму, уверува министерот.