Филипче: Ќе расте бројката и на заболени и на починати од ковид-19

Бројот на заболени  од ковид-19 ќе ратсе, а ќе ратсе и бројот на починати и треба да бидеме подготвени на тоа, предупреди денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Ќе расте бројот на заболени и во светот, но и кај нас. Ни претстои и период во кој, за жал, ќе расте и бројот на починати и за тоа сите треба да бидеме свесни. Денеска имаме еден млад човек којшто почина. Тоа е доказ дека вирусот не штеди никој, никој не е имун, ниту заштитен од него. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест. Сите оние коишто можеби досега не беа убедени во опасноста од вирусот, сега верувам дека им е целосно јасно дека ова е многу сериозна закана, дека навистина мораме ние сериозно да се однесуваме кон неа, нема да биде лесно, затоа сакам да упатам апел сите да ги почитуваат препораките“, рече Филипче.

Тој притоа порача да не се шири паника, но оти сите треба да се однесуватмаксимално претпализво и одговорно, затоа што ова зависи од секој еден од нас.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ