
Филипче ќе побара затварање и на парковите
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ќе даде предлог до Владата да се затворат парковите, но и да се воведат и дополнителни построги мерки, затоа што и покрај препораките и апелите, јавните собири продолжуваат.
Очигледно не постои придржување до мерките, и голем број на граѓани ризикот не го земаат за сериозен. Мерките ќе ги заостриме, само така ќе има резултат. Бројката на пациенти расте и ќе расте, но кривата на пораст е поблага во споредба со другите држави. Сметам дека со дополнително заострените мерки бројката на заразени ќе се намали, изјави Филипче.