Филипче ја повика повардарската епархија да го повлече повикот до верниците да ги посетат храмовите за Духовден

Во меѓувреме, Повардарска епархија ги повика граѓаните, во петок на Духовден, наместо на гробишта, да дојдат во нивните храмови, за таму да им оддадат почит на починатите.

Се повикуваат да дојдат во петок и во сабота од 8 до 14 часот, а со себе  да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно починати блиски роднини и пријатели.  „Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упокоени наши браќа и сестри“, се вели во соопштението од повардарската епархија.

Министерот Филипче ги повика да ја повлечат ваквата изјава.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ