Филипче и Чулев со спротивни ставови за траењето на полицискиот час за 1 – ви мај

Министрите за здравство и внатрешни имаат различни ставови за полицискиот час за први Мај. За здравство, Венко Филипче смета дека треба да се слушаат епидемиолозите и од четврток во 19 часот ден пред први мај да започне карантинот кој ќе трае до понеделник наутро.

Министерот за внатрешни пак денеска на кризниот штаб му предложил идентично решение како претходниот викенд што би значело цел петок односно први мај да е слободен, а полицискиот час да почне дури во сабота од 15 часот.

Уште еднаш го афирмирав мојот став дека неопходно е одлуките кои ќе се донесат да не бидат во насока на заострување на мерките за движење. Во пресрет на продолжениот викенд за 1 мај, сметам дека владата треба да донесе одлука која ќе биде идентична на изминатиот викенд. Секое ограничување кое ќе биде построго и поригирозно негативно ќе се одрази на граѓаните, објави Чулев на фејсбук.

Одлуката за тоа каков ќе биде првомајскиот викенд сепак ќе ја донесе владата на утрешната седница.

Според Филипче предлогот за целосен карантин е на епидемиолозите, но е само предлог а утре ќе се расправа по него.

Инаку тој се надева дека за разлика од првите предвидувања дека ќе има вбкупно 2 до 2 илјади и 500 заболени таа бројка ке биде помала односно до 1 700.

Првично предвидувањата беа дека пикот на заразата ќе се случи на крајот на април и почетокот на мај.

Според она што се случува Филипче смета дека најверојатно се  исполниле овие предвидувања.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ