
Филипче: Државата не купувала од брзите кинески тестови
Го поминале филтерот на Малмед, но не завршиле во јавното здравство. Министерот Венко Филипче тврди дека државата не купувала од брзите кинески тестови со лош квалитет, кои споре истражувањето на ИРЛ, на приватната клиника во Макеодонија стигнале како европски, препакувани во холандска амбалажа. Запрашан дали ќе има истрага, ги прозва Агенцијата за лекови и здравствениот инспекторат. Факт е дека државата не купувала сериолошки тестови за детектирање антитела на Ковид, но примала доинации кои биле користени во скринингот на населението во Дебар. И тие се произведени во Кина, но зад нив стои друга компанија.
Но, од Агенцијата за лекови денеска молк. Брзите кинески тестови ги поминале нивните филтри. Не откриле пропусти при увозот и квалитетот на тестовите, а државниот санитарен инспекторат нема законски ингеренции во овој дел. Она што е нивна задача, велат е контрола на лабораториите вклучени во дијагностиката на Ковид 19, односно дали тие ги исполнуваат условите. Во тој дел пропусти нема. Останатото е во рацете на Малмед.
Брзите кинески тестови кои се продаваат како европски низ повеќе земји во светот, ги откри ИРЛ, во соработка со нивниот меѓународен партнер – истражувачката мрежа ОЦЦРП. Препакувани во холанска, но и американска амбалажа, освен во приватните болници, биле купувани и од државни институции во повеќе земји во светот, меѓу кои Шпанија, Италија, Франција, Велика Британија, Индонезија, Русија и Ватикан. Освен што според новинарското истражување, поради дупки во европската легистатива тестовите успеле од кинески да станат европски, велат спорен е и нивниот квалитет, бидејќи тестот може да биде лажно негативен.
Весна Јовановска – Дојчиновска