Филипче демантира: Нема фаворизирање, се е законски во тендерот за вакцини

Белгиската фирма Глаксо смит клајн која ги произведува вакцините за МРП, што Македонија лек ги дистрибуираше со погрешни декларации за рок за траење, обвинува дека министерството за здравство фаворизира фирми кои се пријавија на вчерашниот тендер за набавка на вакцини. Оттаму велат дека станува збор за вакцините ХПВ и ПЦВ за кои тендерската документација била затворена и се фаворизирал еден светски понудувач.
За ХПВ вакцините понуда дала фирмата „Алкалоид Конс“ додека за ПЦВ вакцините фирмата „Д-р Пановски“ која прв пат учествува на тендер за набавака на вакцини.

Министерот за задрвство Венко Филипче, ги отфрла овие обвинувања и тврди дека се е законски.

Тој не гледа ништо спорно што Македонија лек која е под истрага конкурира на јавната набавка бидејќи сега  се застапници на други вакцини, а не на беглиската фирма.

Филипче ќе почека на истрагата од обвинителството а потоа ќе одлучи дали ќе бара одговорност од здравствените установи кои ги користеле вакцините со поминат рок. Тој додаде дека од МВР вчера била побарана документација без да прецизира каква.

Колачот со набавката на вакцини оваа година тежи десет милиони евра а на тендерот кој го распиша министерството за здравство конкурираа пет фирми. Тендерот сеуште не е објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Скандалот со погрешните декларации на околу 600 МРП вакцини го истражува Јавното обвинителство. Првичната најава дека тие ќе бидат унишетни отпадна откако Обвинителството побара тие да бидат доставени како доказ. Министерот Филипче најави дека за овој пропуст треба да следи и највисока казна, која е парична и изнесува до 50 илајди евра и одземање на лиценцата за набавка на вакцини.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ