
Филипче: 180 нови случаи, двајца починати од Ковид-19
Во изминатото деноноќие направени се 1.272 тестирања и потврдени се 180 нови случаи, од кои во Скопје се најголем број 109, соопшти денеска на прес – конференција министерот за здравство Венко Филипче, кој истакна дека оздравеле 11 пациенти.
Починати се двајца пациенти, еден на Инфективната клиника, станува збор за пациент од Куманово и една пацинтка од Скопје која била хоспитализирана во болницата „8-ми Септември“.
Во „8-ми Септември“ се хоспитализирани 27 пациенти од кои 7 се на респираторна машина.
Денеска има најголем број спроведени тестирања за 24 часа, вирулентноста е намалена и затоа сметам дека бранот нема да трае долго, рече Филипче.