Филип Петровски- претседателски кандидат на движењето „Македонија блокира“

Филип Петровски e претседателски кандидат на движењето „Македонија блокира“, кој попладнево поднесе кандидатура до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, односно само неколку часа пред истекот на рокот кој е отворен до полноќ.

„Апелирам ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати мојата кандидатура и заедно да го поразиме Зоран Заев“, вели Петровски, во видеото кое го објави на социјалната мрежа Фејсбук.

Петровски е е поранешен директор на Државниот архив, а имаше јавни несогласувања со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Кристијан Мицковски.

До сега од редовите на ВМРО – ДПМНЕ своја кандидатура за претседател на државата има поднесено и пратеникот Влатко Ѓорчев.

Поднесување кандидатура за Претседател на Република Македонија

Filip T. Petrovski 发布于 2019年1月31日周四

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ