Uncategorized ФФМ закажа нов термин за одигрување на комплетното 25. коло
Комисијата за натпреварувања при Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) одлучи натпреварите од 25-то коло од Првата лига, кои беа предведени да се играат во четврток, да ги префрли за во недела.
Од ФФМ на својата страница соопштија дека поради настапот на големиот дел фудбалери во националните селекции се менува целиот распоред, додека распоредот за натпреварите во Купот останува ист.
Двојки 25. коло (недела – 1 април):
Работнички – Академија Пандев
Силекс – Победа
Скопје – Шкендија
Ренова – Шкупи
Пелистер – Вардар



