Фетаи во Титаник 2: И еден денар да е, сепак е штета на буџетот

Со 8 дополнителни бомби во кои разговараат поранешни функционери, обвинителката Фатиме Фетаи на следното рочиште ќе одговори на аргументите на одбраната во Титаник два. Според ова обвинение, во 2013 под политичко влијание и спротивно спротивно на законот, ДИК го  поништила гласањето за градоначалник во Струмица.

Засега нема најава дека Мијалков Тачи или другите обвинети од ДИК ќе дадат своја одбрана пред судиите и доколку нема супер вештачење, судењето се ближи кон крајот на доказната постапка.

Денеска вештак предложен од адвокатите образложуваше дека според неговата пресметка, штетата од прегласувањето во едно изборно место во Струмица чинело 32 илјади денари за разлика од обвинението на сјо во кое стои имотна штета од 146 илјади денари. На ова обивнителката Фетаи искоментира:

„И еден денар да е во прашање, сепак е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија“.

Поранешниот член на дик обивнет во оовј предмет Бедредин Ибраими им се закани судијата Ставрев и обвинителката Фатиме Фетаи со претставки до судскиот и до обвинителскиот совет,  откако ги обвини дека постапуваат спротивно на законот и му ги прикриваат доказите што ги бара , а тоа се записници од примопредавањето на бомбите. Фетаи му одговори дека обвинението е поднесено во законскиот рок од 18 месеци на што Ибраими и реплицираше – Изнеси ги записниците да ги видиме. Тебе ли да ти верувам ?

Поранешниот шеф на тајната полиција Мијалков, кој деновиве е сконцентриран на гаранција во имот тешка еден милион евра за да излезе од Шутка, тивко ги следеше препукувањата во судница.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ