Фетаи: Одлуката ја немаме добиено, соопштението е прилично напаѓачко

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека се уште ја немаат добиено одлуката од Апелациониот суд за уникувањето на пресудата за „Титаник 2“ со која се укинува затворската казна за Сашо Мијалков, Мендух Тачи и Бедрадин Ибраими.

Одлуката се уште ја немаме добиено, меѓутоа можам да го коментирам само соопштението, прилично е напаѓачко а се знае дека нападот е надојбра одбрана,

рече обвинителката Фетаи.

Апелациониот суд го врати предметот на повторно судење затоа што констатирал дека првостепениот суд при постапувањето сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ