Фетаи: Надоместоците се законски, недостасува само уште Европол да ги истражува

Платите ни беа 300 евра повисоки од останатите обвинители а надоместотците  слични на други специјални обвинители од регионот или пак како патните трошоци на некои пратeници.

Обвинителката Фатиме Фетаи прва јавно проговори по бурните рeкции во јавноста за високите бонуси.

Тоа што во просек годишно земале по 22 илјади евра за надомeстоци Фетаи го брани со потребата  од  доверливоста, тајност и заштита на приватноста на содржините од бомбите а основот за бонусите го лоцира во законот за СЈО.  

За  поранешната специјална обвинителка сепак се интересни реакции на институциите изминатите денови

-Интересно е со која брзина, со светлосна брзина сите институции се јавија и изразија спремност да го истражат овој спорен момент , небаре се работи за криминал на деценијата. Камо среќа со таква брзина да постапуаа овие ниституции во изминатиот период,  ќе немаше воопшто потреба од формирање на СЈО. А во овој момент со вакви реакции се чудам како Европол не е вклучен во истрагата, изјави Фатиме Фетаи.

И додека бонусите на поранешните специјални обвинители треба да минат низ филтер на обивнителството за организиран криминал за Фетаи е проблематично и тоа што истрагите кои од СЈО ги презема републичкиот обвивнител со цел да не запрат, најголем дел се се уште во кутии и не се распределни на работа.

-Затоа некои осомничени лица за измамнички дејствија и за поттикнување злоупотреби место денеска да бидат во судница на обвинителна клупа, тие мавтаат со лажни бројки и делат правни совети како треба да се води истрагата за надоместоците на обвинителите од СЈО. Буквално, ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги, а има истраги кои се готови, спремни за обвиненија. Конкретно зборувам за „Моќник“ и осомниченото лице Антонијо Милошоски кој, според Фетаи, „место да си подготвува одбрана за во судница, доколку се разбира ни беа поделени предметите, тој излегува по медиуми и дели правни совети, рече Фетаи.

До пред 2 недели обвинителството ги имаше распределно само истрагите Империја, Поштенска банка, Актор и Друмарина за Бонева. 

За брзо време ќе ги распоредиме сите истраги  вели државниот обвинител Јовески за Телма

Истрагите се прераспоредуваат во надлежните обвинителства и на обвинители раководејќи се од нивната итност но во таа постапка се согледуваат сите дејствија кои биле  преземени и оние што треба да се преземат, тврди државниот обвинител Љубомир Јовески.

Вчера доцна попладне двајцата истражители што ги испрати обвинителката Вилма Русковска со собраните документи си заминале од СЈО.

Допрва ке се анализираат и обвинителството ќе се произнесе има ли простор за истрага или ќе го затвори предметот

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ