
Фетаи бара Мијалков и Тачи да бидат осудени за предметот „Титаник 2“
Предметот Титаник 2 за изборни нерегуларности е во завршна фаза. Обвинителката на СЈО, Фетаи побара од судот да бидат пргласени за виновни Мијалков, Тачи и поранешните членови на ДИК, бидејќи се докажало умисленото влијаните на Мијалков, но и умисленото поттикнување на лидерот на ДПА Тачи врз членот на ДИК, Бедредин Ибраими се со цел да му се овозможи на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Струмица да остане во изборната трка и да има прегласување. Членовите на ДИК ги пречекриле овластувањата и фраглантно го прекршиле изборниот законик и дејствувале во интерерс на партиските интереси, посочи Фетаи. Како аргумент го посочи тоа што Бедредин Ибраими голем дел од седницата сметал дека приговорот е неоснован за после телефонскиот повикот на Тачи да гласа против ствојот став а цитираше и дел од разговорите во бомбите. Тогаш актуелната партија на власт ВМРО ДПМНЕ, рече Фетаи со само два повика ја срушила првата брана, а тоа е ДИК, втората брана Управниот суд бил апсолвиран. Не са џабе се тефтерчињата на поранешната министерка Јанкуловска рече Фетаи на што имаше извици на незадоволство одадвокатите и обвинетите кои довкуваа дека обивнителката меша политика. Следното рочиште на кое обраната и адвкатите ќе даваат завршен збор е закажано за 19 февруари, по што ќе следува пресуда.