
Фетаи: Адвокатот на координаторот на ДУИ праќал закани за Бубевски – Тој демантира: Фетаи клевети и лаже
„Ти си наша не знаеме што да ти правиме ама на каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“, вака звучеле заканите до обвнителите на СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
И биле пренесени лично на Фетаи од адвокат на координаторот на ДУИ Ејуп Алими, а таа денеска потврди и во судница на крајот од рочиштето за Титаник 3 откако првично започна вербално препукување мегу одбраната и обвнителот Бубевски кој откри дека добил закани. Настанот се случил пред неколку седмици, а освен Фетаи сведок на случката била и нејзина пријателка. Обвинителот Гаврил Бубевски во разговор за Телма вели дека не го пријавил случајот во полицијата затоа што сметал дела заканувачката изјава е дадена во очај на одбраната која го губи случајот. Сепак по допрен глас случајот може да го испита и обвинителството.
Адвокатот Мефаиљ Арслани вели обивнителката Фетаи говорела невистини клевети и измислици со цел да го дискредитира а поради тоа што нема докази за случајот Титаник 3.
- На денешното рочиште, од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, против мене беа изнесени небулозни тврдења лаги кои укажуваат на едно непрофесионално постапување на обвинителката и потсмев во јавностаМоите клинети и соработници никогаш не сум ги делел според нивната веросиповед или “наши и ваши или каури” како што посочува Фетаи. Ниту јас ниту мојот клиент сме му се заканувале директно или индиректно на обвинителот Бубевски, вели Мефаиљ Арслани, адвокат на Ејуп Алими.
Адвокатот ги повикува СЈО да ги преземе сите дејствија и да покренат постапка против него во спротивно вели тој ке покренел постапка против Фетаи за нарушен углед. До кривичниот суд доставил и барање да му дозволат видео зпаисот од денешното рочиште за да може да го сподели во јавноста како поткрепа за демантот.
Од ДУИ велат дека нивниот координатор на ниту еден начин не се заканувал на обвинителите, не разменил ниту едне збор со нив, а дека јавноста е жртва на медиумска хистерија.
- Обвинителите знаат многу добро што треба да направат ако имаат закани од било која страна и ги охрабрувам да постапат ако примиле било каква закана, вели Артан Груби од ДУИ.
Ејуп Аљими и Исмет Гури одговараат за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013 година во Чаир.
Денешното рочиште се одложи за судот да направи уште напор за да го обезбеди клучниот сведок од Германија.
Елена Ивановска