
Фејзи Азири од 8 март недостапен властите, пронајден од медиумите на клиниката за пулмологија
Продолжуваат меѓусебните обвинувања на инстутиците какo штипскиот затвореник и обвинет во случајот „Монструм“ Фезји Азири останал во бегство месец и половина. Затворот во Штип на 7 март го известил судијата за извршување санкции дека Азири не се вратил по одбореното отсуство до 1 во месецот. Претседателот на Основен суд Скопје 1, Иван Џолев се брани дека немал надлежност да распишува потерници и да го бара Азири.
Единствени кој знаеа каде е Азири се неговиот адвокат и медиумите откако тој не се појави на закажното рочиште за „Монструм“. Полицијата го пронајде на клиникaта за пулмологија, постави стража додека се лекува, а министерот Спасовски смета дека вчерашната реакцијата на полицијата не е задоцнета.
Времето минато надвор од ќелијата Азири го искористил да побара продолжување на прекинот на казната за да се лекува. Судијата за извршување санкции го одбил, а по неговата жалба Кривичниот совет сеуште нема одлучено дали Азири ќе може да се лекува од слобода.
Нема ниту рок, ниту потреба Азири да е на слобода додека судот одлучува вели претседатлот на крвичен Иван Џолев. Фејзи Азири беше причината за одлжувањето на вчерашаното рочиште за “Монструм“ на кое Азири беше прозван од роднините на убиените дека разговарал на телефон со поранешниот градончалник од ДУИ, Невзат Бејта. Разговаraл и со други функционери, а тие снимки новите обвинители од СЈО треба да ги одземат од премиерот Зоран Заев беше барањето на родителите на убиените момчиња. Претседателот на партијата не го коментира случајот, но бара од секој кој има сознание за сторен криминал да ги пријави неговите партиски функциоенри.
СЈО коешто го презеде случајот сеуште не открива со какви докази располага и што предал премиерот Заев како аудио снимки за овој случај. На 16- ти наредниот месец обвинителскиот тим, судијата Огнен Ставрев и истите 4 обвинети кои не се во бегство ќе се соочат на повторениот судење во случајот на 4 убиени момчиња и рибарот Борче Стефковски на 12 ти април 2012-та.
Павле Беловски