
Фатиме Фетаи: „Секој кој што се огрешил мора да одговара“
Онаму каде што заврши нивната шефица доцна синоќа обвинителите од СЈО продолжија. Таа беше на распит, па во притвор, а тие на работа во предметите кои ги застапуваат. Ноќ без неа, не можејќи да ги избегне камерите прва ќе искоментира ФАтиме Фетаи, а прашана за Јанева ќе каже дека никој не е недопирлив.
Обвинителот Стевчо Донев кој го води предметот „Триста“ пристигна од задната страна на судот, ги избегна новинарите, а така и си замина. Не сакаше да се соочи со медиумите. Коментар во јавноста немаше ниту обвинителот Гаврил Бубевски кој ја остави Фетаи пред камерите.
Бубевски пред почетокот на „Монструм“ ќе проговори пред новинарите дека тој се согласува со вчерашното мислење на јавниот обвинител Љубомир Јовевски дека советот на јавни обвинители требда да назначи вршител на должност од редовите на СЈО. Сега на потег е советот, но не е обврзувачки да се се избира меѓу двете заменички на Јанева, Елизабета Јосифовска и Ленче Ристовска. СЈО има 12 обвинители кои покрена 20 обвиненија кои се уште се во судска процедура, а на сите е потпишана Катица Јанева. Во два предмети обвинителите од СЈО се соочија со барања за изземање на Јанева.
Во ТНТ, обвинетите и адвоактите се сомневаат на поврзаност со случајот „Рекет“ преку управителот на ДРИМ Билдин Ардиан Амзовски со Боки 13 и Јанева. Во ТНТ во кои се гонат истакнти членови на партијата ВМРО-ДПМНЕ, адвокатите побараа запирање на предметот додека не се расветли вмешансота на Јанева во „Рекет“.
Најава дека ќе бараат изземање на специјалната најавија и во „Монструм“, но на наредното рочиште. Сега на потег е судот, но и судиите кои најавија дека ќе повлечат потег доколку Јанева стане осомничена.
Павле Беловски