Фанатикот на брендот „Версаче“ Шенки Маслани меѓу уапсените, но и тој засега без кривична пријава

Пушки, пиштоли, автомобили, пари или дрога ? Што пронајде полицијата во саботата рано изутрина во претресот на домот на 28-годишниот арачиновец Шенки Маслани? По неколку часа во полициска станица, и силната пофалба на полицијата дека сузбила криминална нарко банда, Маслани слободата ја прослави со музика. Заедно со неговиот роднина Шенол Маслни и уште двајцата од уапсените арачиновци.

Во јавноста е познат како сопственик на кафе барот „Версаче“ . Човекот кој од глава до пети е облечен во брендот на „Верасаче“, логото го стави на автомобилите и фасадата на куќата ги полнеше трач рубриките како следбеник на брендот со потрешни стотици илајди евра. Тој е невработен, а во јавноста се прикажува како препродавач на половни лукзусни автомобили. Полицијата се соменва дека е дел од 12 члената група која се заканувала на полициски служебник, пуштала во продажба наркотични дроги, и поседувале пушки и пиштоли. Освен неколку часа поминати во полициска станица за нив 4 ден нема кривична пријава, ниту,пак, истрага во која ќе се бараат мерки на безбедност или притвор. Само еден од приведените заработи кривична пријава бидејќи имал кај него оружје и куршуми. Обвинителството и МВР 4 –ти ден си ја префрлаат одговрноста кој треба да поднесе кривична пријава, а кој да ги гони.

Јавно Обвинителство: Во однос на другите лица лишени од слобода при извршените претреси, од МВР до Основното јавно обвинителство Скопје не беа поднесени кривични пријави, туку беше поднесено едно известување за одземени предмети и за обезбедени траги од лице место, за кои дежурен јавен обвинител веднаш истиот ден, согласно Законот за кривична постапка, издаде наредби за вештачење до МВР – Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

Додека обвинителите чекаат МВР да поднесе кривични пријави , МВР, пак, чека одговор од обвинителството да почне да бара мерки за претпазливост за лицата кај кои во сбаотата упаднаа специјалци. Неофицијално оваа нарко-банда со уште две лица кои претходно беа апсени и пуштени се дел од инцидентот во хотелот Александар Палас во кои еден полицаец со службен пиштол, а во друштво на сомнителни лица пукаше во воздух откако друга група ги гаѓаше со рафали од калашников, случај за кои се уште нема разрешница.  Обвинителството, како орган на прогон, по евентуално дополнително поднесени кривични пријави, поткрепени со докази обезбедени на законит начин, ќе постапи согласно своите законски надлежности, е последнито одговор од скопското обвинтиелство.

Никој од приведените не е во притвор ниту пак е барана друга мерка за нив. Обвинителството во денешното соопштение тврди дека надлежниот обвинител ќе одлучува дали за некој приведен и осомничен ќе бара притвор или друга поблага мерка во текот на постапката.

„Обвинителството, како орган на прогон, по евентуално дополнително поднесени кривични пријави, поткрепени со докази обезбедени на законит начин, ќе постапи согласно своите законски надлежности“ соопшти обвинителството без да прецизира дали во акцијата се обезбедени докази на незаконит начин или пак полицијата им доставила само докази добиени по законски пат.

Во однос на другите лица лишени од слобода при извршените претреси, од МВР до Основното јавно обвинителство Скопје не беа поднесени кривични пријави, туку беше поднесено едно известување за одземени предмети и за обезбедени траги од лице место, за кои дежурен јавен обвинител веднаш истиот ден, согласно Законот за кривична постапка, издаде наредби за вештачење до МВР – Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ