
Факторингот – спас за ненаплатените побарувања
Македонските мали и средни фирми не знаат што е тоа факторинг. Иако во основа факторингот значи преземање на недоспеаните долгови од страна на други компании, банки или осигурителни друштва за одредена камата, незначителен е бројот на компании кои го користат овој алтернативен начин на финансирање. Со факторингот фирмата може предвреме да си ги наплати фактурите, а парите да ги искористи за инвестиции, за развој или за вработените и добавувачите. За разлика од банкарските кредити, за оваа услуга не е потребно дополнително обезбедување
Во Европските земји наплатата на долговите меѓу компаниите со помош на факторинг зафаќа 10 % од БДП . Во регионот овој начин на наплата најмногу с екористи во Словенија
Факторинг услугата кај нас ја користат банките, МБПР и мал дел фирми кои го осигурувале извозот. Поддршката на малите и средни фирми е клучна за економијата, па затоа рече мин без ресор Зоран Шапуриќ ќе се настојува да се зголемат средствата со кои располага МБПР и значително да се намалат каматите.
Виолета З Стојановска