Фактор Албанија: Кембриџ Аналитика ангажирал балкански фирми за незаконско собирање на податоци

Скандалот со Кембриџ Aналитика и незаконското прибирање податоци и профилирање на околу 50 милиони корисници на Фејсбук во корист на изборната кампања на Трамп најверојатно имало свои корени и во Македонија и Албанија.

Ова го пишуваат албанските медиуми откако Гардијан и Њујорк тајмс објавија за скандалот во чиј центар е фирмата Кембриџ Аналитика и нејзината фирма ќерка СЛЦ Груп .

Порталот Фактор во Албанија тврди дека фирмата СЛЦ Груп Балкан чиј прв човек е Никола Спасов правела ваков тип на профилирање и во Албанија.

Спасов кој во Македонија е директор на агенцијата „Рејтинг“за Телма тврди дека станува збор за недоразбирање бидејќи истражувањето било наменето за конференција за дигитален маркетинг ,а го спровело Рејтинг , а не СЛЦ Груп.

Според Спасов во САД е легално да се купат сет од лични податоци за користење во вакви цели, но тоа не може да се направи и во Европа.

Фактор објавува дека клиенти на СЛЦ на Балканот биле политичарите Еди Рама во Албанија, Александар Вучич и Томислав Николиќ во Србија како и Сергеј Станишев во Бугарија.

Александар Манасиев

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ