Европските медиуми за потпишувањето на протоколот за пристап

Во годината кога Алијансата одбележува 70 годишнина од постоењето, Македонија станува 30 земја членска на НАТО. После долги години блокади поради името Македонија денеска седна на масата со сите членки на Алијансата, без право да учествува во носењето на одлуките се до целосна рафикација на протоколот.

Јуроњус на својата насловна страница објаснува која е процедурата да се стане полноправна членка на НАТО и дека ратификацијата трае една година.

Јоханес Хан еврокомесарот за проширување оцени дека ова е придонес кон стабилноста на целиот Западен Балкан и пошироко.

А Амбасадата на САД во Скопје од каде во живо се следеше потпишувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО меѓу првите се огласи со стасус на фејсбук упатувајќи честитки за овој како пишува историски чекор.

„Северна Македонија: НАТО го потпиша протоколот за нејзин пристап“, „Историски момент за ПЈРМ “,  се дел од насловите во грчките медиуми. Поголемиот дел од медиумите во Грција, технички, без анализи и коментари го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција.

Бугарските медиуми пак, акцентот го ставаат на залагањата на нивниот премиер Бојко Борисов, на кого благодарност за охрабрувањата кои ги доби Македонија, му укажа Министерот Димотров.

Албанските власти власти кои веќе една деценија се дел од НАТО семејството потпишувањето на Протоколот го оценија како чин на  гаранција за безбедноста во регионот. За тамошните власти ова е заслужено дстигнување на македонската власти и силна стратешка порака за соседите.

А руската агенција тас се реши да објави текс за историјатот на одностите на Македонија со НАТО. Почнувајќи од независноста во 1991-та па се до денес, низ премрежјата кои ги помина земјата со Сосед на бомбардирана земја од НАТО, внатрешен конфликт, испраќање мисија во Авганистан, преку блокада во Букурешт. позиција на Русија останува непроменета, последниот став на шефот на дипломатијата Сергеј Лавров е загриженост за развојот на ситуацијата на Балканот. “Постои продолжување на процесот на вештачко прецртување на државното име наметнато од надвор, со цел да се принуди Скопје за влез во НАТО”, смета официјална Москва.

Лидерите на 29-те земји членки на НАТО ќе се состанат во Лондон во декември на специјален самит за одбележување на 70-годишнината на Алијансата.. соред Столтенберг Лондон е „идеално место и дом на првото седиште на НАТО во 1949 година“. Средба за одбележување на годишнината требаше да има во Вашингтон, каде што е потпишан договорот за создавање на НАТО, но, како што јавија некои светски агенции, „поради опасност од ново трансатлантско недоразбирање“, министрите за надворешни работи ќе се состанат во главниот град на САД во април. Годишнината доаѓа во деликатен момент за НАТО, особено поради неодамнешните шпекулации дека Трамп ќе ги повлече САД од Алијансата.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ