Европскиот стандард сеуште недостижен за македонскиот работник

Европскиот просек на плати за македонските работници може да остане само сон, доколку не се направат сериозни реформи. Економските експерти кои две години работеа на истражувањата, а се дел од проектот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и на Бугарската академија на науките забележуваат дека потребни се поголема конкуретност на домашното производство, зголемување на извозот на производи со повисока додадена вредност и реформи во администрацијата

Истражувањата покажаа дека иако странските инвестиции во зоните на краток рок предизвикаа разновидност на извозот, сепак во втор план се ставени домашните компании.

Претседателот на МАНУ, Таки Фити на македонските министри им препорачува да ја прочитат книгата Патот до транзицијата.

И покрај тоа што се забележува умернеа подготвеност на македонската економија да се справи со конкуретноста на европските пазари, сепак како клучни проблеми остануваат инфраструктурата , кадарот и сивата економија.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ