Европскиот совет со поддршка за почеток на преговори со Македонија

Европскиот совет ја поддржа одлуката за почеток на преговори со Македонија и со Албанија.

Шефовите на држави и влади од државите од Европската уинија го подржуваат и поздравуваат договорот меѓу Атина и Скопје за името на Макеоднија.

Тоа, како и договорот меѓу Македонија и Бугарија дава добар пример за останатите во регионот да засилат добрососедски односи, се наведува во заклучоците од синоќешната седница.

Советот на ЕУ на ниво на министри во вторникот препорача отворање на преговори за членство со Македонија и со Албанија во јуни 2019. Двете земји до отворањето на преговорите ќе треба да постигнат напредок во реформите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ