
Европски суд за човекови права утврди повредени права кај исклучените од парно
Европскиот суд за човекови права донесе одлука во корист на македонски државјани исклучени од парно . Осуммината апликанти, сопственицои на станови кои никогаш не биле преклучени на парно или пак биле исклучени од мрежата се жалеле пред судот во Стразбур, поради обврската да плаќаат одреден надоместок. Судот констатирал дека има повреда на членот 1 од Протоколот 1 на Европската конвенција за човековите права, кој се однесува на правото на сопственост и кој пропишува:
-Секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својот имот. Никој не може да бпде лишен од својот имот, освен во јавен интерес и под услови предвидени со закон и со општите принципи на меѓународното право во кој се пропишува дека секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својот имот.
Во пресудата објавена денеска меѓу другото се потсетува дека на 30 јули 2012 Регулаторната комисија за енергетика усвоила пропис дека граѓаните исклучени од парно треба на приватниот снабдител на топлинска енергија да му плакаат надоместок за ангажирана моќност . Уставниот суд на 22 мај 2013 оцени дека таа одредба е во согласност со Уставот и дека исклучените од парно биле индиректни, пасивни корисници на топлината преку цевките кои минуваат низ нивните станови или преку соседите кои користат парно.
Апликантите се жалеле пред домашните судови но незадоволни од нивните одлуки правдата ја побарале и пред Европскиот суд за човкови права.
Судиите во Стразбур во пресудата детално ги аналираат аргументите и на државата и на апликантите но оцениле дела е прекшен членот 1 од протоколот 1 на Конвенцијата, чија цел да се заштити личноста од недозволеното мешање на државата во мирното уживање во својот имот. Судот ја задолжуваат државата на жалителите да им исплати оштета од 320 евра до 2100 евра .