
Европски пари ги зближија Штип и бугарска Белица
Европа ги зближи Штип и бугарската општина Белица. Преку Програмата за меѓугранична соработка Бугарија-Северна Македонија ќе искористат над 400.000 евра за развивање на културен туризам, рехабилитација на народното читалиште во Белица и конзервација на црквата Свети Василиј, со што Штип ќе може на туристите да ја раскажува приказната за тврдината Исар.
Белица се наоѓа на неколку километри од познатите туристички центри Банско и Разлог. За наши прилики е рекордер во искористувањето на европски пари, само Народното читалиште Георги Тодоров 1885 за две години има искористено речиси еден милион евра.
На почетокот ги имале истите главоболки, а во од учеле како да аплицираат. Токму фондовите на ЕУ, Белица ја направи единствената општина во Европа , каде на површина од 120.000 м/2 е изграден парк за рехабилитација на танцувачките мечки. Откако ќе остарат за сцена, циркузите ги пензионираат овде.
“Во моментов има 28 мечки од Косово, Грција, Украина и секако Бугарија.Тоа е една голема туристичка придобивка . Посетите почнуваат од пролет , некаде од април и траат до 1 декември” – вели секретарот на народното читалиште Георги Тодоров, Маја Падарова.
Европски стандард, а проблемите исти. Младите и овде се иселили.
“Јас сум пензионерка земам 200 лева и сопругот 300 лева, со тоа живееме, многу малку останува. Затоа и работам дополнително во еден хотел во Разлог. Ќерката и синот се иселени, таа е во Чешка, а синот е во Софија” – вели жителка на Белица.
За жал како и во целата држава имаме напуштање на младите, поради доста причини, но пред се финансиски. Младите заминуваат, но ние се надеваме дека ќе се вратат и повторно ќе работата за развој на Општината и на Државата, додава друг жител на Белица.
Водечки гранки на Белица се дрвната, текстилната индустрија и туризмот. Општината со речиси 12.000 жители наредните две години ќе биде партнер на Центарот за развој на источно планскиот регион и Штип.
Викторија Јованова