
Европа стравува од онлајн радикализација на Западен Балкан
Во некои терористички напади во европските метрополи користено е оружје од земјите на Балканот и затоа во моментов вниманието на антитерористичките операции е насочено во овој регион за да се спречи нелегалната трговија се лесно оружје на просторите на поранешна Југославија. Но и наглиот пораст на корисници на Интернет во сите земји на Западен Балкан од 66 на 81 процент од населението, го вклучи алармот во европските држави дека терористичките и радикалните групи токму тука онлајн регрутираат борци и го радикализираат регионот.
„Социјалните мрежи станаа ново бојно поле, вели заменик министерот за внатрешни работи Митерем Инџ, затоа што тука терористичките мрежи ги регрутираат и да ги обучуваат приврзаниците, особено младите луѓе. Обезбедуваат и финансии на Интернет со криптовалути тргувајќи со дрога и оружје. Само во текот на оваа година откриени се 25 илјади профили на социјалните мрежи во Турција кои ги користеле терористички организации.
На Конференцијата за контратероризам и насилен екстремизам што во Истанбул ја Организира Советот за регионална соработка, нејзиниот претседател Горан Свилановиќ истакна дека и балканските земји се жртви на сајбер напади, па само минатата година регистрирани се 400. Проблем се и борците на странските бошишта Од целиот Балкан се проценува дека заминале околу илјада, од кои над 200 загинале, 400 останале, а 300 борци се вратиле.
Она што загрижува е радикализацијата преку Интернет, но според студијата за земјите од Западен Балкан, иако се смета дека станува збор за џихадизам, тој е многу помалку застапен затоа што доминира екстремната десница.
Експертите за борба против тероризамот од сите земји на западен Балкан, вклучувајќи ја Македонија, од Европската Унија и ФБИ на состанокот во Истанбул како едно од решенијата предложија поврзување и размена на податоци како и формирање на специјални тимови за одговор на компјутерски инциденти.
Сања Васиќ, специјален известувач на Телма од Истанбул