
Еврокомесарот за проширување Вархеји денеска во Скопје
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска е во прва официјална посета на Северна Македонија.
Како што соопшти делегацијата на Европската Комисија во скопје, Вархеји ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и со претседателот на собранието, Талат Џафери.
Вархеји исто така ќе се сретне и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
На средбите најверојатно ќе стане збор за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.
Европската Комисија ќе објави мини-извештај за Северна Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.
Пред еден месец еврокомесарот Вархеји рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат напролет, ЕУ да ја исправи грешката од октомври