Еврокомесарот за проширување на ЕУ Хан на средба со премиерот Заев

Во тек прес конференцијата на премиерот Заев со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, по одржаната средба претпладнево.

Хан пред граѓаните на Штип на вчерашната дебата која е дел од караванот на ЕУ порача дека е оптимист оти референдумот на 30-ти септември ќе биде успешен, а граѓаните ќе излезат и ќе го дадат свој глас. Забележа дека се работи за одлука на граѓаните кои треба самите да ја донесат, а ги повика младите да го сторат тоа, бидејќи се работи за европската иднина на нивната земја. Сепак, рече дека треба да се почитува сувереното право на граѓаните на глас и таа одлука мора да се испочитува од сите и потоа политичарите ќе треба да се справуваат со последиците и соодветно на тоа и да донесат одлуки.

Еврокомесарот за проширување во ЕУ, Хан на трибината истакна дека референдумот е од конслутативна природа и оти без разлика на исходот, што поголемата излезност ќе им даде како што рече појасен мандат на политичарите во кој правец да размислуваат.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ