Хан: Излезете и гласајте за вашата иднина, секој глас се брои
Еврокомесарот Јоханес Хан, по средбата со премиерот Зоран Заев, упати јасна порака до граѓаните да излезат да гласаат за себе и за идните поколенија и да не ја пропуштат оваа уникатна можност бидејќи договорот е поддржан од меѓународната заедница но зависи од токму од нив а вратата на Европската Унија останува отвроена. Во своето обраќање тој неколку пати повтори дека секој глас е битен и секој глас се брои и побара од младите во Македонија масовност на претстојниот референдум. Хан додаде и дека не му се допаѓа што сеуште морса да ни е обраѓа со кратенката БЈРМ и дека се надева дека во иднина ќе не ословува како Република Северна Македонија.
- Затоа на 30-ти септември вашите граѓани ќе имаат единствена можност да ја определат својата иднина. Ова е можност која се јавува еднаш во животот. Одлуката која што ќе ја донесат граѓаните на референдумот ќе има влијание не само врз нив, туку и врз нивните деца, внуци, идните генерации, дури и врз оние кои што се уште не се родени. Ова е навистина уникатна можност за граѓаните да донесат една одлука која што ќе има далекусежни последици, рече Хан.
Премиерот Заев пак ја нагласи поддршка од меѓународната заедница и кажа дека клучот е кај граѓаните.
Прашан за пораката до Мицкоски на вчерашната средба, Хан кажа дека е истата која ја пренел до сите политичари во изминатиот период а тоа е дека станува збор за иднината на државата и референдумот не смее да се злоупотребува за партиски цели и политики.
Зборувајќи за скринигот кој почнува идната недела премиерот Заев кажа дека реформите се почнати и до јуни идната Владата ќе испорача двојно повеќе реформи во клучните сектори. Тој нагласи дека потврда на напредокот ќе биде почетокот на преговорите со унијата.
Еврокомесарот Хан пак нагласи дека сме на почеток на сеопфатен процес и дека не станува збор за законските одредби и рамки туку за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во Македонија.
Огнен Чанчаревиќ