
Евро атланските интеграции – светла точка за македонската економија
Евроатланските интеграциите се светла точка за македонската економија. Со влегување во НАТО и ЕУ ќе се зголемат економските перформанси на земјата а тоа според владата ќе донесе редица позитивните ефекти за домашните компании за кои ќе се отвори европскиот пазар, ќе се зголеми нивната конкурентност и достапноста до европските фондови. Таквиот процес значи прифаќање и примена на строгите критериуми што важат во НАТО и ЕУ, но тоа не значи дека граѓаните треба да стравуваат од раст на цените на производите и услугите смирува вицепремиерот Кочо Анѓушев туку дека ќе пораснат платите и приходите што ќе гарантира повисок животен стандард и нови работни места.
Евро атланските интеграции нема да ги сопрат миграциите но Македонија има капацитет,да привлече многу странски иневстиции а тоа ќе ги задржи работниците тука.Ќе има и лоши работи,ќе се затворат дел од производстевните погони што работат незаконски,што се неконкурентни и цариснки заштитени
„Строгите правила ќе ги исплашат само тие што сакаат да се надвор од законите, тие што не сакаат правила на игра.Треба да се плашат тие, зашто ќе воведеме ред и правила за добро на граѓаните“, изјави вицепремиерот Анѓушев.
Ваквиот оптимизам не го дели опозицијата.
„ Граѓаните го гледаат дефокусирањето и замената на тези кои се прават во медиумите, но на крај на денот сите знаат дали имаат повеќе пари за да одат на поскап одмор или да му купат уште еден пар патики на своето дете. Граѓаните гледаат дали болничките услуги се подобри и дали има повеќе работа за младите. Се друго е шарена лага“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Искуствата од други земји покажуваат дека стабилноста и меѓународниот статус кои ги носи членството во НАТО влијаат на одлуките и инвеститорите. Иако Макеоднија би влегла со слаби перформаси во однос на невработеноста или просечната плата, приливот на свеж капитал според уверувањето на владата ќе прави нови фабрики, поголема поврзаност помеѓу домашните и странските инвеститори,нови работни места,повисок кредитен рејтинг и зголемен раст на БДП. Бројките говорат дека просечниот раст на извозот се зголемил речиси двојно а просечното учество на бруто инвестициите во БДП се зголемило од 25 % пред на 31 % по зачленувањето во НАТО
Виолета З Стојановска