Евидентирани се сите диворградби во Охрид

Политичарите и уметниците го искористија свеченото отворање на најголемата културна манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“, да испратаt силни пораки за зачувување на универзалните вредности на Охрид поради кои неговото природно и културно наследство е заштитено од УНЕСКО. Уметноста треба да не инспирнира на храбри потези за Охрид, истакна во својот говор претседателот Пендаровски.

Режисреот Александар Попоски кој ја прочита пораката од уметниците до светот, го искористи творечкиот опус на големиот драмски писател Горан Стефановски да го потенцира проблемот со дивоградбите, со кој се соочува Охрид.

Потребна е силна поддршка Охрид да ги надмине проблемите поради кои тој се најде на чекор да биде ставен на Листа на заштитени подрачја од УНЕСКО во опасност, вели гтраоначалникот Георгиески. Вели дека градот ги евидентирал сите дивоградби и дека постапува неселективно, вклучително и во случајот со реновираниот угостителски објект на актуелен советник кај стариот Чинар, кој свечено беше отворен пред два дена иако општината има издадено решение за негово отстранување.

Георгиески најави дека во наредниот период ќе претстои евалуација на влијанието на евидентораните дивоградби врз природното и културното наследство на Охрид, по што ќе бидат преземени соодветни мерки. Дивоградбите се само една од 19 барања на Реактивната мисија на  УНЕСКО, кои Охрид треба да ги испони за да го зачува статусот на заштитено светсо природно и културно наследство.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ