Еуротинк: Нема простор за триумфализам, не очекува долг и напорен пат

Табелата за политичките критериуми во извештајот на Европската унија за Македонија годинава е речиси празна, за разлика од изминатите години, покажува компаративната анализа на извештаите на Европската унија за Македонија во последните четири години. Во најновиот извештај го нема ниту еуфемизмот „заробена држава“, со кој пред помалку од две години, беше квалификуван нашиот систем како авторитарен и корумпиран. Позитивен е делот за реформите, но високиот број на донесени закони по скратена постапка и проблемите со децентрализацијата се најдоа и во овој извештај, како и во изминатите три.

Од граѓанскиот сектор укажуваат дека, нема простор за триумфализам, туку извештајот треба да се гледа како патоказ за долгиот и напорен пат што не очекува. Во него има многу забелешки за економијата, во делот на управувањето со јавните финансии, справувањето со сивата економија и невработеноста. Како најитен приоритет е посочена подготовката на повеќе-годишни буџети.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека ова се прашања за идните генерации, а не за идните избори и затоа се обидуваат во реформите да ги вклучат и граѓанскиот сектор, експертската јавност, но и опозицијата.

Како една од најважните придобивки од оваа препорака, беше нотирано успешното адресирање на приоритетите што не врати на евро-атлантската агенда.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ