
ЕУРО-ФАРМ донира 50 болнички кревети за Инфективна клиника
ЕУРО-ФАРМ донира 50 болнички кревети за потребите на Универзитетската Инфективна клиника во рамките на Клиничкиот Центар ,,Мајка Тереза. Договорот за набавката е потпишана денеск и следи по низата од помали донации изминатиов период од страна на компанијата, од медицински и хигиенски средства за други јавни, здравствени и социјални институции во земјата.
Воедно ЕУРО-ФАРМ изразува благодарност и поддршка на здравствените работници во земјава кои се изложени на секојдневни ризици во својата професионална работа. Од компанијата наведуваат дека нејзините вработени, исто така, секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со кризата на територија на целата држава и се во првата на линија на справување со пандемијат. Од ЕУРО-ФАРМ додаваат дека како компанија успеале да ги одржатактивни сите постојни капацитети и да овозможат непрекинато снабдување со лекови и медицинска опрема до аптеките и населението во нашата дражава.