(видео)ЕУ и Балканот жалат поради неотворањето преговори со Скопје и Тирана

На прошталната вечера на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, со лидерите од Западниот Балкан, било изразено жалење за блокадата врз Македонија и Албанија за старт на преговори на последниот ЕУ Самит.

Ова го соопштија од Кабинетот на Могерини по завршувањето на вечерата која се одржа во Брисел вечерва.

  • Високата претставничка и лидерите од Западниот Балкан разменија мислења за односите ЕУ-Западен Балкан и настаните во регионот. Тие изразија жалење поради одлуката на Европскиот Совет да не отвори преговори за членство со Северна Македонија и Албанија и се согласија дека ЕУ интеграцијата на Западниот Балкан останува клучна стратешка цел, во заеднички интерес на ЕУ и на регионот, порачаа од Кабинетот на Федерика Могерини по средбата.

Могерини и лидерите од сите земји регионот, освен Еди Рама, разговарале за постигнувањата во последните пет години на релација ЕУ – Западен Балкан и ја повториле нивната „силна заложба“ кон европската перспектива и реформите кои произлегуваат од неа.

Големо внимание предизвика неформалниот коментар на српскиот претседател Александар Вучиќ упатен кон косовскиот претседател Хашим Тачи. Кога Могерини се поздрави со Тачи, Вучиќ искоментира:

„Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се бакнува. И нека не се прави дека не разбира српски, зборува како…“

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ