
ЕУ едвај чека да види каков модел за ДКСК ќе одбере Владата
Можете да пријавите корупција во Aнтикорупциска комисија во која останаа само двајца членови поради оставките на останатите. Телефон и маил има објавено на интернет страницата, но е истакнато дека до формиrањето на нова комисија, пријавите само ќе се архивираат. Телма се обиде да провери дали воопшто ова функционира. На телефонскиот број ни одговорија, не поврзаа и со раководителот на корупција, но таму велат дека тоа би можеле да го сториме само лично во ДКСК или по маил. Кога се преставивме дека сме новинари ни посочија дека по маил треба да ги побараме останатите информации за тоа колку пријави имаат од граѓани во периодот додека нема антикорупционери и дали тие се обесхрабрени. А веќе се крчка нов модел на ДКСК. Каков за сега не се открива, преставници на Европската унија веќе притискаат што побрзо да се исполнат нивните препораки.
„Државната комисија за спречување на корупција треба да ја спроведе својата мисија ефективно и да работи независно без мешања. Изборот на членовите на комисијата не смее да се базираат на политичка припадност. Новиот модел во моментот се разговара и ние со нетрпение чекаме да ја слушнеме одлуката на работната група и владата во однос на оваа комисија“, вели Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ.
Во меѓувреме стотици тендери се спроведуваат од институциите, функционерите земаат плата, нивните имоти никој не ги контролира. Истражувањата на невладините покажале дека сомнежите за корупција растат.
Пред речиси половина година членовите на антикорупсциската комисија си поднесоа оставки поради скандалот со нивното трошење на буџетски пари. Останаа само Сузана Таскова Аџикотарева и Најдо Спасевски. Во меѓувреме се работи на креирање на нов модел на ДКСК, но каков и кога ќе биде избран новиот состав, се уште не се знае. Последна калкулација на министерката за правда беше за во септември.
Билјана Николовска