
ЕУ бара Македонија брзо да ги спореведе реформите, меѓу кои и статусот на СЈО
Кратки рокови, многу обврски. Нашата земја мора да ги исполни сите барања и критериуми кои и се налагаат. Во спротивно може да биде доведен во прашање почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Шведскиот амбасадор Матс Стефансон им порача на парламентарците час поскоро да ги донесат сите реформски закони и да ги убедат земјите членки на Унијата дека законодаството не е само усвоено туку и дека се спроведува.
- Сите препораки од Извештајот на Прибе мора да ги спроведете. Да се воспостави владеење на правото, да се дефинира статусот на СЈО кое е од клучно значење за гонење на делата за криминал и корупција, да се деполитизира јавната администрација. Следните месеци за вас ќе бидат многу важни. Патот ќе биде долг. Преговорите ќе одземат многу години но на крајот се ќе зависи од сработеното, порача Матс Стефансон, амбасадор на Шведска.
Членовите на Комисјата за европски прашања побараа подршка за пристапување кон преговори со Унијата. Ветија дека во најкус можен рок ќе ги донесат сите реформски зкаони, дури и оние кои Претседателот Иванов ги врати и не стави потпис поради името на државата.
Покрај од Шведска, Комисијата за европски прашања доби и финансисика подршка и од Норвешка за унапредување на капацитетите за водење на преговори со ЕУ.
Јулијана Пешевска